Веста дека вредноста на акциите на „Кока-кола“ паднаа за неколку милијарди долари откако Кристијано Роналдо ги отстрани нивните шишиња од прес-конференцијата, предизвикувајќи низа копирања на ЕУРО 2020, само ја покажаа медиумската моќ на Португалецот. Сега, информацијата дека тој е првиот човек на Инстаграм со над 300 милиони следбеници само го докажува тоа.
Роналдо претходно беше првиот човек кој надмина 200 милиони следбеници, а во 2019 година беше објавено дека тој добива просечно по 975.000 долари за секоја реклама на својата страница, и дотогаш имаше заработено 47.8 милиони долари за ваквите објави.
На второто место е холивудската ѕвезда Двејн „Рок“ Џонсон, а интересно зад нив се имиња како Кајли Џенер, Селена Гомез и Емили Ратајковски.