Манчестер Јунајтед во саботата на „Гудисон Парк“ беше поразен од Евертон, а натпреварот го одбележа срамниот потег на Кристијано Роналдо. Португалскиот ас бесен од поразот му го оттргна телефонот од рацете на момчето со аутизам додека го напушташе теренот и на тој начин го навлече гневот на целата фудбалска јавност.
Подоцна на Роналдо му стана јасно што направи и дека погреши. Тој му се извини на момчето и го покани да му биде специјален гостин на следниот меч на Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“.
Сепак, момчето ја одби поканата на Португалецот. Ова го потврди мајката на момчето, Сара Кели.
„Го прашав: „Дали сакаш да одиш? Роналдо рече дека можеме да дојдеме на Олд Трафорд? Тој одговори: „Не, мамо, никогаш повеќе не сакам да го видам“, откри Кели.
„Вознемирувачко е, бидејќи Роналдо беше една од причините поради кои сакаше да оди на фудбалските натпревари“, додаде мајката на несреќното момче.
Сара Кели откри и дека телефонот е скршен и дека момчето има модринка на раката.
Cristiano Ronaldo smashed someone’s phone after losing to Everton, according to fans at the ground ?
(via @evertonhub) pic.twitter.com/a20z4Sg20F
— ESPN FC (@ESPNFC) April 9, 2022