Винченцо Монтела повеќе не е тренер на фудбалерите на Фиорентина. Лошите резултати беа причината поради која челниците на „виолетовите“ му врачија отказ на тренерот. Синоќа Фиорентина загуби од Рома (4:1).
Резултатите што ги постигнува Фиорентина од почетокот на сезоната се далеку под очекувањата. Екипата што ја предводеше Монтела нема победа во Серија А на последните девет натпревари.
На вкупно 27 натпревари со Монтела виолетовиот клуб има скор од шест победи, седум нерешени и дури 14 порази.
„Не е лесно да се најде замена, но нашето трпение има граници.Ова е тежок период за клубот. Им должиме извинување на нашите навивачи. Не очекувавме дека ќе се најдеме во ваква ситуација“, рекол спортскиот директор на клубот Даниеле Праде.
Како можни наследници на Монтела се споменуваат имињата на Луиџи Ди Бјаџо, Лучано Спалети и Џузепе Јакини.