Поранешниот шпански селектор Роберт Морено го расипа пријателството со Луис Енрике, инсистирајќи дека неговите коментари и обвинувања дека Морено бил нелојален и амбициозен се „грди“.
Морено беше асистент на Луис Енрике во репрезентацијата до јуни, кога Енрике се повлече за да се грижи за својата ќеркичка Чана, која почина во август по борбата со ракот на коските. Морено ги предводеше Шпанците до обезбедување на место на Евро 2020 пред да биде информиран дека Енрике се враќа.
„Не сакам да влегувам во караници, но кога лично ќе ме нападнат и ќе ме направат нешто што не сум морам да одговорам. Пред девет години почнав да работам со Луис Енрике. Секогаш го следев, бев верен до неговиот ангажман во репрезентацијата. Никој не знаеше колку ќе паузира, но од тоа што јас го знаев беше дека ако тој се врати, нашиот тим ќе остане ист. Затоа, решив да ја преземам репрезентацијата, бидејќи да не го направев тоа, Енрике немаше да се врати како селектор“, објасни Морено.
Тој вели дека една недела бил „во состојба на шок“ откако дознал дека тој не планира да го направи повторно помошник.
„Искрено не знам зошто Луис Енрике не сака да сум покрај него. Тој ме нарече нелојален и амбициозен, што е многу грдо и што не го заслужувам. Годините ќе поминат и нема да знам. Не знам дали и тој може да објасни. Но, јас сум само на почеток и секое искуство е добро“, вели Морено.