Мароко и Португалија ќе го одиграат третиот четвртфинален натпревар на Светското првенство во Катар. Португалија и пред почетокот на Мундијалот беше во кругот на фаворитите за највисок пласман, додека Мароко е најпријатното изненадување на турнирот.
Мароко и Португалија ги освоија своите групи. Мароко во конкуренција на Хрватска, Белгија и Канада заврши на првото место во Е-групата. Марокаците одиграа 0:0 со Хрватска, а потоа славеа над Белгија (2:0) и Канада (2:1). Во осминафиналето и пружија силен отпор и потоа во пенал-рулетот, заслужен ја елиминираа фаворизираната Шпанија.
Португалија, во Х-групата, ја потврди фаворитската улога. По првите две кола, со победите над Гана (3:2) и Уругвај (2:0) ја обезбедија првата позиција. Во последното коло, во за нив неважен дуел загубија од Јужна Кореја со 1:2. Во осминафиналето, кое Кристијано Роналдо го почна од клупата, Португалија ја декласира Швајцарија со 6:1.
Низ историјата овие две селекции два пати се сретнале на Мундијалите. Мароко ја победи Португалија пред 36 години со 3:1 и ја елиминира во групата на Мундијалот во Мексико. Тогаш Мароканците испишаа историја, станаа првата африканска репрезентација која се пласирала во осминафиналето на еден Мундијал.
Пред четири години, исто така во фазата по групи, Португалија победи со голот на Кристијано Роналдо.
Статистиката на „Софаскор“, во целост ги отсликува досегашните настапи на Мароко и Португалија. Португалците постигнаа повеќе, но и примија повеќе голови од Мароко. Поседот на топката и креирањето на изгледни шанси се исто така на страната на Португалија.
Натпреварот на Ал Тхумама стадионот во Доха ќе започне во 16 часот, ќе го суди Аргентинецот Тељо.