Михајло Мудрик, скапата ѕвезда на Челси, е предводник на фудбалската репрезентација на Украина, првиот противник на Македонија во квалификациите за ЕУРО 2024, која на 16 јуни гостува на „Тоше Проески“.
И покрај разочарувачката половина сезона на „Стемфорд Бриџ“, младиот талент е најпрепознатливото име на 27-члениот тим кој го објави привремениот селектор, Руслан Ротан.
Од другите попознати имиња, тука е дефанзивцот на Евертон, Виталиј Миколенко, Руслан Малиновски од Олимпик Марсеј, како и ветеранот Андриј Јармоленко, кој сега игра во Ал-Аин во Обединетите Арапски Емирати.