Top Sport

Мурињо го носи Филип Костиќ во Рома?

Фудбалскиот репрезентативец на Србија, Филип Костиќ сосема извесно е дека летово ќе го напушти Ајнтрахт Франкфурт по 3 години успешна соработка. Како што пренесува италијански „Кориере дело Спорт“ српскиот ас кариерата ќе ја продолжи во Серија А.

Изминатиот период како негова следна дестинација се споменуваа Интер и Лацио, но сега во трката се вклучи и Рома.

Новиот предводник на „волчицата“ Жозе Мурињо ги натерал челниците да го доведат Костиќ на „Олимпико“.

Информациите се дека клубот од Франкфурт за него ќе бара најмалку 25 милиони евра.

Костиќ минатата сезона во Бундеслигата на 30 меча имаше 17 асистенции, а постигна и 4 гола.

Scroll to Top