Top Sport

Мурињо го сака Вилфрид Заха во Рома

Фудбалерите на Рома вчера ремизираа (1:1) со тимот на Бетис и со тоа дополнително си ја искомпликуваа ситуацијата околу пласманот во нокаут фазата од Лига Европа.

До крајот на групната фаза остануваат уште две кола, а избраниците на Мурињо ќе играат против Хелсинки и против Лудогорец. Во Серија А, „волчицата“ заостанува само четири бода зад првопласираниот Наполи, а во следното коло ќе игра против Сампдорија.

Медиумите од Апенините пренесуваат дека Рома внимателно ја следи ѕвездата на Кристал Палас, Вилфрид Заха. Тренерот Жозе Мурињо би сакал да го има во тимот веќе во јануари.

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска ќе стане приоритет доколку не се продолжи соработката со Стефан Ел Шарави, кој оваа сезона мака мачи со повреди.

На Заха му завршува договорот на крајот од оваа сезона, па би можел да преговара со потенцијалните заинтересирани клубови веќе во зимскиот преоден рок.

Scroll to Top