Top Sport

Пелистер убедлив против Работнички

Кошаркарите на Пелистер убедливо го совладаа Работнички во Битола со 92:76. Домашните ја добија првата четвртина со 26:21, а на полувремето обезбедија двоцифрена предност (47:33).

Работнички беше солиден во третиот период, но на крајот сепак триумфот им припадна на домаќините.

Најдобар поединец во редовите на Пелистер беше Хаџифејзовиќ со 29 поени и девет скока, 24 поени запиша Донтај Карутес, а Караџовски дуелот го заврши со 14 поени.

Кај Работнички, Крафорд постигна 23 поени.

Scroll to Top