Top Sport

Мурињо: И без победи, Рома е топ клуб

Жозе Мурињо инсистира дека Рома се „топ клуб“ дури и кога не победуваат, со фантастична семејна атмосфера, додавајќи дека тој им должи благодарност на навивачите за приемот кој го има во Рим.

Португалскиот тренер воведе „моратиум“ на прес-конференции откако доби суспензија од два меча поради расправијата со четвртиот судија Марко Сера, и иако нема да одговара на прашања ниту овој викенд, во посет на Грегоријанскиот Универзитет во Рим, тој разговараше со кардинлот Жозе Толентино де Мендонса на христијански теми и за фудбалот, кој е „суров спорт кој ги иззема слабите“.

„Најлесен начин да се дефинира топ клуб е да се каже дека освоил многу работи и затоа е на врвот. Но, има и врвни клубови кои никогаш не победувале и тие се големи според љубовта и социјалното влијание. Рома ја има таа посебна убавина и понекогаш ме чуди што локалнит медиуми се обидуваат да не поделат. Јас сум тој кој им должи благодарност на навивачите за тоа што ми го дадоа. Со споцијален термин, на луѓето им е потребна референтна точка, и тоа не сум јас туку клубот. Таа емпатија, тоа чувство на припадност, на семејство, тоа е нешто во што уживам тука. Во Рома има чувство дека сме среќни ако победуваме, а сме тажни ако губиме, но барем сме заедно. Тоа го има само во семејствата“, вели Мурињо.

Scroll to Top