На десетгодишнината од славната тројна титула на Интер, Жозе Мурињо откри што му кажал на својот вечен ривал Пеп Гвардиола кога „нераѕурите“ се судриле со Барселона во полуфиналето на Лигата на шампионите.
Интер со убедливи 3:1 ги победи Барселона во првиот меч од полуфиналето пред гостувањето на „Ноу Камп“, каде што во 28. минута црвен картон доби Тијаго Мота, и Мурињо открива дека на клупата на Барса славеле како да го комплетирале камбекот.
„Кога Бускетс падна стоев меѓу нашата и нивната клупа кога Тијаго Мота доби црвен картон. Со крајот на окото забележав дека клупата на Барселона славеше како да победи. Гвардиола го повика Златан Ибрахимовиќ да зборува за тактика 11-на-10. Му кажав: ’Не слави, уште не е готово’“, открива Мурињо за „Ла газета дело спорт“.
И покрај 1:0 победата на Барселона, Интер замина во финалето, каде што со 2:0 ги совладаа Баерн Минхен за титулата.
Мурињо додава дека не планирал да игра дефанзивно во тој меч.
„Најпознатиот ’дефанзивен Мурињо’ меч беше тој против Барселона, но ние победивме дома и имавме право да играме како што сакаме. Да не се повредеше Горан Пандев на загревањето, ќе игравме со Пандев, Снајдер, Ето и Милито“, вели Мурињо.