Жозе Мурињо пред враќањето на тренерската професија потпиша договор да биде аналитичар на британскиот ТВ-канал „Скај спортс“, и првата задача на новото работно место ќе ја има на неделниот меч на неговите два поранешни клуба Манчестер јунајтед и Челси.
Португалецот, кој е без ангажман откако Јунајтед го отпушти во декември, ќе биде дел од панелот во кој ќе се и Гери Невил, Џејми Карагер, Греем Сунес и Џејми Реднап.
„Премиер лигата е посебно натпреварување за мене, каде што треба толку напорна работа за победа“, изјави Мурињо.
Сепак, човекот кој донесе три титули од Премиер лигата на Челси, вели дека крајната цел е враќање на менаџерската позиција.
„Фудбалот ми останува голема страст, но на крајот ќе се вратам на тренерското место“, додаде екстренерот на Реал Мадрид, Интер и Порто.