Менаџерот на Манчестер јунајтед, вели дека е „смешно“ како Јирген Клоп го смени своето мислење за трошењето на големи пари за засилувања, и вели дека сега германскиот шеф на Ливерпул ќе се најде под притисок да ја освои титулата.
Клоп неодамна призна дека згрешил кога изјави дека „подобро е да си замине од фудбалот“ отколку да плаќа по 100 милиони евра за фудбалери како Пол Погба, кој тогаш дојде во Јунајтед. Но, откако потроши 250 милиони фунти оваа година во Ливерпул, Мурињо не можеше да остане мирен пред дуелот на двата лути ривали во Мичиген во сабота.
„Ако инвестираш добро, тогаш е подобро да ги потрошиш отколку да ги имаш во банка, бидејќи каматите се ниски. Проблемот е во тоа што треба да инвестираш добро и искрено, мислам дека тие завршија добра работа бидејќи играчите кои ги купија се многу квалитетни. Среќен сум за нив, но и со насмевка на лицето, бидејќи ги менуваат мислењата. Малку е смешно“, вели Мурињо.
Но, Португалецот сега го предупреди Клоп дека од него ќе биде очекувано да ја донесе првата титула за Ливерпул по 29 години.
„Оваа година конечно ќе почнат да барат од него да победува. По сите инвестиции тоа е нормално. Сега, апсолутно, ќе мораат да победуваат“, вели Мурињо.