Жозе Мурињо очигледно не се плаши од корона вирусот, откако при видео-состанокот со другите менаџери во Премиер лигата директно спротиставувајќи се на барањата за одложување на сезоната.
Според „Мирор“, Мурињо заедно со менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп и првиот човек на Евертон, Карло Анчелоти сака враќање на лигата што е можно побргу, односно за само неколку недели, порачувајќи им на другите да „останат дома и да гледаат Бундеслига“.
Пеп Гвардиола (Манчестер сити), Френк Лампард (Челси), Најџел Пирсон (Вотфорд) и Греем Потер (Брајтон) се меѓу менаџерите кои сметаат дека не треба да се избрзува со враќањето на фудбалот.
Мурињо во изјава за медиумите сакаше да ги демантира првичните вести дека и тој бил меѓу тие кои барале одложување на стартот.
„Мислам дека мојата позиција не беше рефлектирана вистински во медиумите. Јас не барам одложување. Сакам да тренирам и очајнички сакам Премиер лигата да се врати што е можно побргу, посебно сега кога ги гледаме и другите лиги како се подготвуваат за враќање“, изјави Мурињо.