Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, смета дека во четврт-финалето во Лигата на шампионите ќе има изненадувачки резултати.
Лигата на шампиони продолжува на 10 и 11 април, а Мурињо смета дека неговиот поранешен клуб Порот можем да го изненади финалистот од минатата сезона, Ливерпул.
Минатата сезона Ливерпул и Порто се сретнаа во осмина-финалето, а во наредната рунда со вкупен резултат 5:0 мина мина англискиот тим. Миурињо смета дека оваа сезона работите стојат малку поинаку.
„Мислам дека сега се ќе биде отворено, а тоа што се случи минатата година може да му помогне на Порто. Споредувајќи ја оваа и минатата сезона, мислам дека тренерот Серж Консеисао ќе се запраша што не беше добро и дека некои работи ќе направи да бидат поинакви“, рекол Мурињо.
Според него плус за Порто е и тоа што Ливерпул се брат за титулата во Англија. Меѓутоа тој заборава дека во иста ситуација е и Порто. По 27 кола Порот и Бенфика на врвот имаат по 66 бода.