Top Sport

Мурињо со нов „атомски“ удар по играчите: Ова се привилегирани фудбалери, нека си ја заработат платата

Жозе Мурињо повторно е во „елемент“, откако по конфликтот со холандскиот дефанзивец Рик Карсдорп, кого го нарече „предавник“, сега му се наврте на англискиот напаѓач Теми Ејбрахам посочувајќи дека не треба да му биде потребна мотивација да си ја заработи својата плта.

По 1:1 ремито со Сасуоло, Португалецот изјави дека има предавник во тимот, кој на крајот се идентификуваше како Карсдорп, кој веќе си замина од Италија со неговото семејство, а сега по 1:1 ремито со Торино на „Олимпико“, на прес-конференцијата беа мета други фудбалери, и италијанските медиуми се сигурни дека се работи за Ејбрахам.

По критиките на модерниот фудбалер и фудбалери, тој беше запрашан дали на Ејбрахам му е потребна дополнителна мотивација поради тоа што не беше избран во англиската репрезентација за СП.

„Јас сум старомоден, но мислам дека кога ќе станеш професионален фудбалер во универзум каде што милиони и милиони деца сонуваат да го прават ова, не ти треба мотивација. Што е ова? Надворешен извор? Тренер, психолог? Зошто? Давај го максимумот секој ден, играј лошо, играј добро, прави грешки, но имај го вистинскиот однос. Овие фудбалери се привилгирани. Каква мотивација им треба да ја заработат својата плата?“, вели Мурињо.

Scroll to Top