Жозе Мурињо смета дека би било „неверојатно“ неговиот Тотенхем да успее да влезе во топ 4 во Премиер лигата и тоа би било едно од неговите најголеми остварувања во фудбалот, иако пред само една година изјави дека тоа е второто место со Манчестер јунајтедво 2018.
Тотенхем беа на 14. место со 12 поени зад третопласираниот Челси кога Мурињо го замени Маурисио Почетино во ноември, а во сабота тие играат со Челси на „Стемфорд бриџ“ и со победа би ги прескокнале на четвртото место. Главната причина зошто Мурињо би бил задоволен од успехот се повредите на напаѓачите Хери Кејн и Сон Хеунг-Мин.
„Статистиката е понекогаш смешна, посебно кога луѓето сакаат само бројки, а фудбалот е повеќе од бројки. Но, ако сакате бројки, тогаш Хери и Сони ги постигнуваат повеќето голови на Тотенхем. Така што, да, не за мене, за моето остварување, туку колективно за овој тим ако стигнат во топ 4 без нив двајца, тоа би било неверојатно“, вели Мурињо.
Доколку се гледа табелата на Премиер лигата откако Мурињо го презеде Тотенхем, само Ливерпул и Манчестер сити имаат повеќе освоено поени, а во тој период Тотенхем има 11 поени повеќе од Челси.
Мурињо: Второто место со Јунајтед е едно од моите најголеми достигнувања!