Жозе Мурињо открил дека Икер Касиљас го нарушувал неговиот интегритет додека му бил тренер во Реал Мадрид.
Иконата на мадридистите, Икер Касиљас, во 2015 година го напушти Реал, а неодамна изјави дека морал да замине бидејќи би било многу полошо доколку останел. Шпанскиот голман истакнал дека му е жал што, во некои ситуации, не му се спротивставил на Мурињо.
„Ова ми личи на интервју на лице што ја завршува кариерата“, рекол „Специјалниот“ и дополнил.
„Меѓутоа тоа што кажа дека не ми се спротивставил не е вистина. Го направи тоа на начин на кој тоа во Реал никој не знаеше да го направи“.
Во времето додека беа во Реал, Мурињо, неколку пати јавно го обвини Касиљас дека тој е играчот што на новинарите им ги открива тајните во соблекувалната.
Касиљас од Реал замина во Порто, договорот му истекува по завршувањето на сезоната, а деновиве излезе информацијата дека тој би можел да се пресели во Америка, во екипата на Чикаго Фајр.