Жозе Мурињо сака да го донесе во Рома напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд. Планот е тој да дојде на едногодишна позајмица на „Олимпико“, тврдат медиумите на Островот.
Гринвуд е голем талент на англискиот фудбал кој беше обвинет за силување на почетокот на јануари 2022 година. Клубот потоа го суспендираше, а „Најк“ веднаш го прекина спонзорството со играчот, кој дотогаш беше едно од водечките лица на нивниот бренд.
Сепак, обвинението оттогаш е отфрлено. Судењето не се одржа бидејќи сите клучни сведоци одбија да сведочат.