Top Sport

Мурињо сака да го доведе Фред во Рома

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, сака да го доведе Фред, играчот за врска на Манчестер Јунајтед, на „Олимпико“. Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг, не сака да се раздели со бразилскиот репрезентативец, кој би можел да добие значително поголема минутажа во римскиот тим.

Договорот на Фред со Јунајтед е до летото 2024 година.

30-годишниот играч од средниот ред има 56 настапи за Манчестер Јунајтед во сите натпреварувања во сезоната 2022/23, со ефект од шест гола и шест асистенции.

Во 2018 година, Жозе Мурињо го доведе Фред од Шахтјор Доњецк во Манчестер Јунајтед за 47 милиони фунти.

Scroll to Top