Францускиот репрезентативец Лукас Ернандез има време до 19. октомври да ги реши сите проблеми со законот. Ако не успее сето тоа да го реши до тогаш, му се заканува и затворска казна.
Мадридскиот суд му наложи на Ернандез доброволно да се јави во затвор за да ја одработи казната поради тоа што ја прекрши забраната за приближување до неговата поранешна партнерка.
Ова за Французинот е трет ваков прекршок, па судот ги одби досегашните жалби, а шпански „АС“ пишува дека фудбалерот за 6 дена ќе биде службено известен дека мора да оди во затвор на 6 месеци.
Единственото што може да го спаси е последната жалба, ако таа биде одобрена навреме, нема да мора ниту еден ден да помине во затвор.
Францускиот фудбалер пред 2 години потпиша договор со Баерн Минхен до летото 2025 година. Неговиот поранешен клуб Атлетико Мадрид доби отштета од 85 милиони евра. На тој начин стана најскапиот играч во историјата на клубот.