Top Sport

На Матеус му пропадна и петтиот брак, а веќе го „фатија“ со нова девојка!

Легендарниот германски фудбалер, Лотар Матеус (60) се разведе и од петтата сопруга, 27 години помладата Анастасија. Претходно тој немаше успех во брачните води ниту со Силвија, Лолита, Маријана и Лилијана.

Лотар и неговата избраничка уште во јануари ставија точка на бракот, но веста за разводот дури сега излезе во јавноста. Тие двајца останале во добри односи, а од заедничкиот живот имаат син.

„Во еден момент увидовме дека нашите интереси отидоа на различни страни. Немаше кавги, бес или прељуба. Добро се согласуваме, и понатаму сме во добри односи“ изјави Матеус за „Билд“.

Екс-фудбалерот неодамна бил „уловен“ на Миконос со непозната бринета. На прашање на медиумите во Германија дали се работи за нова девојка, тој со краток одговор:

„Се знаеме само неколку недели, прерано е било што да се каже“.

Scroll to Top