Top Sport

Рисе: Ако Халанд отиде во Манчестер Сити, ќе бидат непобедливи!

Норвешкиот интернационалец Ерлинг Халанд е еден од најбараните фудбалери на фудбалскиот пазар во моментов, а досега најупорни и најконкретни за фудбалерот на Борусија Дортмунд се тимовите на Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.

Легендата на норвешкиот фудбал – Јон Арне Рисе би сакал својот сонародник да го види во дресот на Ливерпул, клубот каде што тој се стекна со светска слава.

„Би сакал да го видам на `Енфилд` затоа што се работи за феноменален играч. Кој клуб да го доведе ќе биде мирен неколку идни години. Не знам дали Ливерпул имаат шанса за тоа, но ако имаат – тој трансфер би бил неверојатна работа за клубот“ вели Рисе кој со „црвените“ во 2005 година ја освои Лигата на шампионите.

Халанд најпрво брилјираше во дресот на Салцбург, но сега, во Бундеслигата во дресот на „милионерите“ постигна 68 гола на 67 меча. Минатата сезона во ЛШ имаше 10 погодоци.

Рисе „се плаши“ Норвежанецот да не заврши во дресот на „граѓаните“.

„Ако го доведат Сити, тоа би било – вауу. Често слушаме за непобедливи екипи. Доколку Ерлинг отиде таму, мислам дека Сити би биле многу близу да станат токму таква екипа“ смета Рисе.

Scroll to Top