Наполи потврдија дека скенирањето на компјутерска томографија на голманот Давид Оспина покажало дека тој не ја загубил свеста, туку само имал „хипотензивна криза“ (екстремно низок притисок) по повредата на главата.
Голманот ги исплаши сите присутни на стадионот „Сан Паоло“ кога доби удар со главата по судирот со Игначио Пусето по само неколку минути при 4:2 победата над Удинезе. 40-тина минути подоцна, тој едноставно колабираше и изгледаше дека ја загубил свеста.
Pray for Ospina ??? pic.twitter.com/3aMuR74Kwd
— #M1Ö (@M_OZIL_1088) March 17, 2019
Тој веднаш беше однесен во ближната клиника, каде што се направија потребните тестирања.
„ЦАТ скенирањето беше негативно, и тој не ја загубил свеста туку имал хипотензивна криза по ударот на главата. Тој ќе биде префрлен во клиниката ’Пинета Гранде’, каде што ќе биде заддржан една вечер“, се вели во соопштението на Наполи.
Ospina ha avuto una crisi ipotensiva conseguente ad un trauma subito al 10’ PT con perdita di sangue, senza però aver perso coscienza. Ha fatto una tac dall’esito negativo e sarà trasferito a breve nella clinica Pineta Grande dove resterà in osservazione per le prossime 24 ore.
— Official SSC Napoli (@sscnapoli) March 17, 2019
Наполи не дозволи „кикс“ против Удинезе, Оспина заврши во болница (видео)