Top Sport

На ова ЕП има 10 автоголови, повеќе од сите досегашни претходни првенства

Бидејќи голот со кој Шпанија поведе со 1:0 против Швајцарија не беше забележан за Жорди Алба, туку за дефанзивецот на Швајцарците, Денис Закарија, вкупниот биланс засега на ЕУРО 2020 дојде до неверојатни 10 постигнати автоголови.

За споредба, на сите претходни Европски првенства, беа дадени вкупн 9 автоголови!

Првиот автогол на ЕУРО 2020 падна на првиот меч – Турчинот Мерих Демирал си даде автогол при 3:0 поразот од Италија. Три дена подоцна, полскиот голман Војчех Шчесни си постигна автогол против Словачка, а следниот ден Матс Хумелс си даде автогол против Франција. Во дуелот Германија-Португалија, Рубен Дијаш и Рафаел Гереиро си постигнаа по еден автогол во помалку од 5 минути. Два дена подоцна, финскиот голман Лукаш Храдецки си даде автогол во мечот со Белгија, а потоа и словачкиот голман Мартин Дубравка и неговиот сонародник Јурај Куцка си постигнаа по еден автогол при 0:5 поразот од Шпанија. Педри си даде автогол во претходниот меч на Шпанија против Хрватска за 9-ти автогол.

Малку (повеќе) среќа и Шпанија има 1:0 против Швајцарците по само 8 минути

Scroll to Top