Менаџерот на Челси, Маурисио Почетино тврди дека нема проблем со тоа што газдите на клубот, Тод Бели и Бехдад Егбали го посетуваат во соблекувалните, бидејќи „можат да прават што сакаат“.
Бели минатата сезона беше критикуван дека држел говори на тимот по неколку меча, а сега тоа го направи неговиот партнер, Егбали, кој се сретнал со играчите по домашнит 0:1 пораз од Астон вила. Во Англија ваква практика е невообичаена и се смета за притисок, но Почетино вели дека тие кои трошат многу пари имаат право да го прават тоа.
„Сакам кога ќе дојдат сопствениците. Во цела моја кариера, во Еспањол, Саутемптон, Тотенхем, Пари Сен-Жермен. Начинот на кој пристапуваат кон играчите е важен и ако тој е коректен, тие се добредојдени. По прес-конференцијата по мечот со Астон вила, тие дојдоа и нормално седевме, зборувавм за мечот и не гледам ништо лошо во тоа. Би било друго ако дојдат да ни држат говори, но вака се добредојдени. На крајот, тие се сопственици, можат да прават што сакаат“, вели Почетино.
Ко-сопственикот на Челси, Егбали продолжува со посетите во соблекувалната