Поранешниот фудбалер и тренер на Црвена звезда, Роберт Просинечки вели дека е неверојатно што „Делиите“ се свртија против српскиот селектор Драган Стојковиќ-Пикси со свирежи и транспаренти на „Маракана“.
За време на финалето на Купот на Србиј, кога Стојковиќ беше на стадионот, навивачите извадија траспарент на кој пишуваше: „Никогаш не била твоја, ти никогаш не си бил нашиот. На деценискиот потоп по тебе се сеќава секој звездаш. Сајонара“. Просинечки, кој исто како Пикси беше дел од славната генерација на Звезда која освои европска титула е зачуден.
„Не сум добро упатен и не сакам да навлегувам во приказната. Не знам што би кажал освен дека тоа не е нормално. Пикси беше претседател, петта ѕвезда, легенда на клубот и сега има проблеми со навивачите и клубот. Тоа не е нормално. Не знам дали тоа е став на клубот или само на навивачите. Во навивачките групи се случуваат многу чудни работи. И претходно имаше такви работи, но сега е посериозно и омразата е поголема, што треба не загрижува. Пикси ја води Србија на СП, тимот одлично му игра и нема подршка. Сосема чудно“, вели Хрватот за „Спорт клуб“.