Top Sport

Ѓоковиќ признава дека „драмата“ со неговиот татко му пречи: Ние сме против војна

На еден меч од 10-та титула на Австралија опен, Новак Ѓоковиќ по пласманот во финалето во Мелбурн мораше да одговара на прашања кои немаат врска со тенисот, откако неговиот татко Срѓан беше „фатен“ на виде како прославува со руски навивачи. Според Ѓоковиќ, руските фанови ја злоупотребиле добрата волја на неговиот татко да се фотографира и поздрави со нив, и посочи дека неговото семејство секогаш е против војната.

Поради ова, таткото Ѓоковиќ не се појави при 7:5/6:1/6:2 победата над Американецот Томи Пол, а за Ѓоковиќ ова е втора непријатност во Австралија, откако лани беше депортиран поради одбивањето да се вакцинира против КОВИД.

„Секак, не е пријатно за мене да поминувам низ овие работи, посебно по тоа што се случи лани во Австралија. Тоа не го сакам и искрено не ми е потребно. Се надевам дека луѓето ќе се фокусираат на тенисот. Несреќна беше погрешната интерпретација на тоа што се случи и што ескалираше на вакв нив. Имааше многу разгвори со директорот на турнирот, со медиумите и со сите други. Секако, влијае и на мене. Не бев свесен за тоа до вчера вечер. А, потоа не бев задоволен. Мојот татко, моето цело семејство и јас лично, поминавме низ неколку војни в 1990-тите. Како што кажа мојо татко, ние сме против војна, никогаш нема да поддржуваме насилство или војна. Знаеме какв влијание имаше тоа за семејството, за луѓето во мојата земја. Фотографијата беше направена во поминување. Слушнав што вели во видеото: ‘Живели’. Некои медиуми го извртеа тоа. Имаше многу српски знамиња. Мислам дека сметаше дека е со луѓе од Србија“, вели Ѓоковиќ.

Тој додава дека не знае дали неговиот татко ќе присуствува на финалето против Стефанос Циципас.

„Тоа беше заедничка одлука. Ќе видиме како се одвиваат работите и дали ќе биде на трибините на финалето. Се надевам дека луѓето ќе дојдат да гледаат финале и ќе се фокусираат на прекрасниот спорт, тенисот. Грчката и српската заедница се големи во Мелбурн, и нема да има конфликти“, додава Србинот.

Семејството на Ѓоковиќ предупредено за руските знамиња

Scroll to Top