Top Sport

На соиграч на Пандев му го уништија Ферарито во перална за автомобили!

Соиграчот на Горан Пандев, голманот на Џенова, Федерико Маркети навистина нема среќа, откако неговото скапоцено Ферари беше целосно уништено откако вработен во една перална за автомобили во Лигурија реши да го повози и да го уништи автомобилот.

Според новинската агенција „АНСА“, Маркети решил да го однесе Ферарито на миење додека е на тренинг на клубот во сончев ден во Џенова, но вработениот во пералната очигледно не можел да ја контролира моќта на „црвениот ѕвер“ и удрил во паркирани автомобили. Тој за среќа, останал без повреди.

Scroll to Top