Top Sport

Нагелсман: И на ПСЖ не им е сеедно што ќе играат со Баерн Минхен

Германскиот првак Баерн Минхен го доби Пари Сен Жермен за ривал во осмина-финалето од Лигата на шампионите. Тоа дефинитивно е мечот што ќе предизвика најголемо внимание, заедно со пресметката меѓу Реал Мадрид и Ливерпул.

Тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман, призна дека немале многу среќа при ждребот, но потецираше дека сигурно и на ПСЖ не му е сеедно што ќе се сретне со неговиот тим.

„ПСЖ е силен тим, ги знаеме нивните квалитети. Сепак, сигурен сум дека не им се сеедно што ќе се соочат со Баерн Минхен во раната фаза од ЛШ“, изјави Нагелсман.

Осминафиналните дуели ќе се играат во втората половина од февруари следната година.

Scroll to Top