Во еден од најбизарните трансфери во летниот преоден рок, поранешниот напаѓач на Ливерпул и Њукасл, Енди Керол потпиша за францускиот второлигаш Амиен.
34-годишниот Керол самиот ја активираше клаузулата во својот договор да го раскине договорот со англискиот третолигаш Рединг, со што замина во Франција како слободен играч, за првпат во кариерата да игра надвор од Англија.
Напаѓачот, уште побизарно ќе го носи дресот со бројот 99 во Франција.
🆕 IL A DIT OUI ! pic.twitter.com/C26ldqCnei
— Amiens SC (@AmiensSC) September 1, 2023