Top Sport

Најбогатиот фудбалер во светот остана без клуб

Капитенот на репрезентацијата на Брунеи Фаик Болкијах е слободен фудбалер откако му заврши договорот со Лестер. Овој 22 годишник е најбогатиот фудбалер во светот.

Болкијах е син на принцот на Брунеи Џефри Болкијах, кој е еден од најбогатите луѓе во светот. Таткото на Фаик „тежи“ 20.000.000.000 долари.

Фаик не успеа да запише ниту еден настап за првиот тим на Лестер туку играше за У-23 тимот на „лисиците“.

Пред Лестер тој бил играч на Саутемптон и Челси.

Scroll to Top