Данската фудбалска федерација (ДБУ) објави дека постигнала краткорочен договор со синдикатот на фудбалерите, по што најдобрите дански фудбалери ќе се вратат за мечот од Лигата на нациите против Велс в недела.
Ова доаѓа откако вчера Данска играше со тим составен од пониските дивизии и футсал играчи и загуби со 3:0 во пријателски меч од Словачка. ДБУ и синдикатот не успеале да се договорат околу користењето на комерцијалните права на фудбалерите, но сепак, елитните фудбалери ќе се вратат за мечот во Орхус.
„Ова е добро за националниот тим и за сите во данскиот фудбал, да се одигра важниот меч од Лигата на нациите со најсилниот состав и да се фокусираме на спортскиот аспект“, изјави претседателот на ДБУ, Јеспер Мелер.
Данска е на деветтото место на ФИФА листата, откако стигна до осминафиналето на Светското првенство во Русија.
Фудбалска фарса во Трнава – Словачка имаше милост за данските аматери (видео)