Top Sport

Најјака јапонска техника за слободен удар со „ринге ринге раја“

Досега сме виделе многу необични техники за изведување на слободни удари, некогаш успешно, некогаш не, но од мечот на јапонските средни училишта ни доаѓа можеби најјакиот обид.

Средното школо Такагава Гакуен играше со Сеирјо во „Сејапонскиот шампионат“ и стигнаа до 4:2 победа. Еден од головите е апсолутно неверојатен. Додека се изведува слободен удар од страната, другите напаѓачи се вртат во круг држејќи раце, по што истрчуваат на својата позиција.

Ова не е првпат јапонските средни школи да имаат иновативни техники за слободен удар. Источна Фукуока пред неколку години ни го дадоа „танцувачкиот ѕид“ – поставија паралален ѕид до тој на противничкиот тим, по што направија три чекори наназад и клекнаа, а топката заврши во мрежата.

И француската женска репрезентација го користеа „ринге ринге раја“ методот за два гола од корнер во 2017, додека германскиот Бохум имаа интересен обид.

Scroll to Top