Лионел Меси изгледа како „скршен човек“ додека седи сам во соблекувалната на Барселона откако се појави и видео на кое капитенот е во тишина, која продолжи и по мечот бидејќи Аргентинецот не даде ниту изјава по 8:2 катастрофата со Баерн Минхен.
Ова видео уште повеќе става сомнеж околу иднината на освојувачот на шест „Златни топки“ на „Ноу Камп“ по големиот конфликт кој го имаше со управата на клубот. Се верува дека Кике Сетиен веќе е минато, но останува да се види дали тоа ќе биде доволно да се убеди да остане во клубот во кој игра цела кариера, посебно по големите понуди од Интер.
Terrible cette vidéo, Messi est complètement abattu dans les vestiaires. ?pic.twitter.com/vepIqWXa3m
— BeFoot (@_BeFoot) August 15, 2020