Поранешната ѕвезда на Манчестер јунајтед, Португалецот Нани се врати во европскиот фудбал, откако го засили италијанскиот прволигаш Венеција.
35-годишниот Португалец е второ засилување во зимскиот преоден рок, откако го донесоа младиот француски фудбалер од средниот ред на Баерн Минхен, Французинот Мишел Кузанс, додека за Нани ова е враќање во Серија А, каде што помина една сезона на позајмица во Лацио.
Нани е најпознат за неговите осум години во Манчестер јунајтед, од 2007 до 2015 година, период во кој постигна 41 гол и освои четири титули од Премиерлигата и една од Лигата на шампионите. Последните три сезони тој играше во американската МЛС лига во тимот на Орландо.
Венеција се на 17. место во Серија А со еден поен пред Џенова, но и со натпревар помалку. Нани ќе биде достапен веќе во недела за мечот со Емполи.
Official. Former Orlando City winger Nani joins Serie A side Venezia, contract signed today. The Portuguese’s now back in Europe after MLS experience. ?? #transfers pic.twitter.com/YYgV570kOI
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 14, 2022