Фудбалерите на Нант мораа да се соземат и да го почнат мечот против Сент Етјен од Лига 1, но сѐ беше во знакот на аргентинскиот напаѓач Емилијано Сала, кој го загуби животот во авионска несреќа над Ла Манш во моментите кога веќе го направи трансферот во Кардиф за 17 милиони евра.
Денеска се појавија вестите дека на француските плажи се појавиле делови од седиштата на авионот на Сала, а трагедијата посебно беше почувствувана во Нант, каде што навивачите на прекрасен начин му оддадоа последна почит на Аргентинецот.
Целиот стадион беше во знакот на Сала, а на трибините имаше и огромно аргентинско знаме, а најавите одеа на шпански јазик во чест на фудбалерот. Секоја чест!
Мечот инаку заврши 1:1.
IMPRESIONANTE el Stade de la Beaujoire de Nantes homenajeando a Emiliano Sala.
??????
— Javier Amaro del Arc (@Amaro_DelArco) January 30, 2019
Мистеријатa решена – две седишта од авионот на Сала најдени во Франција