Нант го одбиле предлогот на Кардиф за договор околу парите за трансферот на Емилијано Сала, кој трагично го загуби животот во авионска несреќа во јануари, јавуваат англиските медиуми, најавувајќи дека сега ќе се вклучи ФИФА.
Нант ги побарува договорените 15 милиони фунти без бонуси кои беа договорени за трансферот, а се очекува ФИФА во среда да донесе одлука која најверојатно еден или двата клуба ќе ја обжалат пред Судот за арбитража во спортот (ЦАС), јавува „Л’Екип“.
Кардиф наводно одбиле да ја платат сумата по наоѓањето на телото на Сала, кој падна во приватен авион на 21 јануари во Ла Манш. Велшкиот клуб смета дека извештаите за несреќата од британските власти, во кои се појавува сомнеж за изборот на пилотот и авионот, фрла сомнеж на агентот Вили Меккеј, кој го организираше трансферот.