Top Sport

Наполи бара Јуве-Интер оваа недела, Серија А на итен состанок во среда

Во среда е закажан итен состанок на 20-те клубови од Серија А за да се разговара за последиците од корона вирусот на италијанскиот фудбал и промените на термините за мечевите. Состанокот е свикан откако на денешниот видео-состанок на советниците на Лега Серија А не успеа да се дојде до решение.

Досега во две недели беа откажани девет меча од Серија А поради загриженост околу корона вирусот, а дуелите од овој викенд Јувентус-Интер, Удинезе-Фиорентина, Парма-СПАЛ, Милан-Џенова и Сасуоло-Бреша се презакажани за 13 мај. Од минатото коло, Верона-Каљари и Торино Парма се презакажани за 11 март, но уште не е одреден датум за мечевите Аталанта-Сасуоло и Интер-Сампдорија.

Интер официјално се пожалија на откажувањето на денешното дерби со Јувентус, најавувајќи дека со ваков план може да не се комплетира шампионатот, додека денеска Наполи побара дуелот Јуве-Интер да се одигра оваа недела, иако е тешко да се случи ова пред состанокот во среда.

Во Интер не се задоволни: Постои ризик да не се заврши првенството

Scroll to Top