Top Sport

Активирана клаузулата – ќе има Фјури-Вајлдер, трет дел во јули

Дионтеј Вајлдер и Тајсон Фјури ќе ја комплетираат трилогијата мечеви, откако тимот на Американецот и официјално ја активираше клаузулата во нивниот договор, за да има и трет меч во јули.

Промотерот на Фјури во САД, Боб Арум потврди дека Вајлдер, кој доживеа тежок пораз од Фјури минатиот викенд за да ја загуби ВБЦ титулата во тешка категорија, побарал ри-меч.

„Вајлдер и неговите претставници формално не известија минатата вечер дека прифаќаат римеч и дека ќе одиме со тие планови. Мечот ќе се случи пред Олимпијадата во август“, изјави Арум.

Двајцата имаа контроверзно реми во 2018 година, пред тимот на Вајлдер да го прекине мечот во седмата рунда во Лас Вегас. Вајлдер имаше 30 дена да побара меч, и тоа ќе значи дека ќе се одложат плановите за британска пресметка меѓу Фјури и Ентони Џошуа, кој е носител на другите три големи титули во тешка категорија. Џошуа најверојатно ќе боксува со бугарскиот боксер, Кубрат Пулев во меч за одбрана на ИБФ титулата во Лондон.

Scroll to Top