Наполи и Карло Анчелоти сакаат на „Сан Паоло“ да го донесат македонскиот репрезентативец Елиф Елмас од Фенербахче, јавува угледниот италијански новинар Џанлука ди Марцио.
Денеска во домот на Карло Анчелоти се среќава управата на „партенопеи“, и според Ди Марцио, 19-годишниот Елмас, за кого има огромен интерес на пазарот, може да биде поставен како една од целите за трансфер ова лето. Наполи е трет клуб од Италија кој се поврзува со Елмас по Фиорентина и Лацио.
Елмас постигна три гола оваа сезона во турската Супер лига со невообичаено слабиот тим на Фенербахче, каде што нашиот репрезентативец дојде од Работнички за 180.000 евра. Трансферот, сега, би бил над 10 милиони евра.
#Calciomercato | #Napoli, interesse concreto per #Elmas del #Fenerbahcehttps://t.co/GfJpiC0DJF
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) May 23, 2019