Top Sport

Наполи ги осуди новинарите кои го навредуваа судијата Ковач по поразот од Милан

Неколку новинари од Неапол отворено го обвинија судијата Иштван Ковач и главниот делегат на судиите во УЕФА, Роберто Росети по 1:0 поразот од Милан на „Сан Сиро“ во првиот меч од четврт-финалето на Лигата на шампионите, по што Наполи официјално реагираше со осуда на ваквото однесување.

Судијата Ковач беше во центарот на внимание со неколку контроверзни одлуки, вклучувајќи го црвениот картон за Андре Замбо Ангиса, жолтиот картон за Ким Мин-Џае (кој нема да биде достапен за реваншот), како и казната на Рафаел Леао за уништувањето на корнер-знамето за што доби само жолт картон.

По ова новинарите од Неапол почнаа да му довикуваат на романскиот судија и на поранешниот италијански судија Росети. Наполи реагираа со порака на Твитер.

„Наполи силно го осудува протестот на дел од новинарите против судиите, кој се случи по крајот на мечот Милан-Наполи“, се вели во пораката.

Scroll to Top