Маурицио Сари имаше непријатно враќање во Неапол, откако неговите Јувентус не успеаја да ја зголемат предноста на врвот на табелата во Серија, губејќи со 2:1 од неговиот поранешен клуб Наполи во интересно италијанско дерби. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби шанса во второто полувреме, во кое беше одлучен резултатот.
„Бјанконерите“ имаа шанса да се одвојат шест поени на врвот на табелата, откако и Интер и Лацио одиграа нерешено денеска, а Сари беше пречекан со свирежи и со навредливи банери од публиката која не заборава.
Во првото полувреме, одбраната на Наполи успеа да го неутрализира Јувентус, пред во 63. минута, Пјотр Зиелински да постигне гол за водство, а и покрај иницијативата на гостите, во 88. минута, Лоренцо Инсиње успева да го совлада Шчесни, пред Кристијано Роналдо во финишот на натпреварот да постигне утешителен гол за Јувентус.
Јувентус има 51 поен на врвот на табелата, три поени пред Интер и пет пред Лацио, додека Наполи на Џенаро Гатузо ја прекинува низата од три порази и сега се десетти со 27 поени.