Наполи го продолжи неверојатниот старт на новата сезона во Серија А, забележувајќи ја петтата победа во пет кола, доминирајќи во Џенова кај Сампдорија за 0:4 победа. Со трите поени, тимот на Лучано Спалети , кој му даде шанса на Елиф Елмас да влезе во игра во последните 20-тина минути, во се врати на првото место на табелата со максимален учинок, со два поени пред Интер и Милан.
Нигериецот Виктор Осимен, кој минатата сезона беше критикуван поради недостатокот на голови, уште во 10. минута го отвори резултатот, пред Фабијан Руиз да зголеми на 2:0 во 39. минута. Осимен во 50. минута го постигна својот втор гол, а Пјотр Зиелински само девет минути подоцна зголеми на 4:0.
Торино пак, примија гол во 91. минута од пенал, за да пропуштат победа над Лацио, во меч кој заврши 1:1. „Џокер“ на „биковите“ повторно беше Марко Пјаца, кој постигна гол во 76. минута од мечот, но Чиро Имобиле од пенал во 91. минута донесе поен за гостите од Рим.
СЕРИЈА А, 5.КОЛО
Сампдорија – Наполи 0:4
Торино – Лацио 1:1