Рускиот фудбалски клуб Ростов го предизвика Кристијано Роналдо да го повтори „кошаркарскиот“ трик со кој ѕвездата на Јувентус се пофали во понеделникот.
Во видео на Твитер, еден од нивните младински фудбалери, 18-годишниот Тамаз Топурија, лесно го повтори постигнатиот кош со нога, а прикажа и импресивни вештини со топката.
„Ние можеме да го направиме подобро тоа во нашата спортска академија! Можеш ли да го повториш трикот на Тамаз Топураија? Знаеме дека не разбираш и на руски“, напишаа од Ростов.
В нашей Академии умеют круче, @juventusfc
Повторите трюк Тамаза Топурии, @Cristiano ?
Мы знаем, что вы понимаете по-русски? pic.twitter.com/nS1SwSLULH
— Football Club Rostov (@rostovfc) May 26, 2020