Top Sport

Руиз вели дека за трансформацијата му помогнал ривалот Ентои Џошуа

Шампионот во тешка категорија, Ентони Џошуа му праќал на својот ривал Енди Руиз Јуниор мотивирачки пораки откако прво го победи, со што му дал сила да направи неверојатна физичка трансформација и да се подготвува за камбек во рингот.

Мексиканецот Руиз го шокираше боксерскиот свет, кога во јуни 2019 година четири пати го прати Џошуа на подот за победа во седум рунди, но во римечот шест месеци подоцна, Џошуа победи на поени против очигледно здебелениот противник и ги врати титулите. Руиз вели дека паднал во депресија по поразот и додал уште килограми, но потоа добивал пораки од Џошуа преку социјалните мрежи.

„Имаше неколку интересни пораки од него. Зборуваше дека ќе се вратам посилен, дека сум голем боксер. Имам само љубов за Џошуа и не жалам за ништо“, вели Руиз.

31-годишниот Руиз по поразот се пресели во Сан Диего, САД, каде со новиот тренер Еди Рејнозо, успеа да симне 20 килограми и сега се подготвува за меч против ветеранот, 40-годишниот Крис Ареола на 1 мај.

„Уморен сум човеку, но гледате ли што правам? Ќе се исплати оваа работа и сите ќе ја видите разликата. Ова е почетокот на новиот Енди Руиз Јуниор“, додава Мексиканецот.

Руиз се извини на тренерот: Последните три месеци само се забавував

Scroll to Top