Репрезентациите на Англија и Велс ќе се соочат во последното коло, во Б-групата на Светското првенство. Англичаните по две кола водат во групата Б со четири бода, додека Велс има еден бод.
Островските медиуми мечот го нарекоа „Битката на Британија“, бидејќи е клучен за пласман во осмина-финалето.
И додека фудбалерите на двете репрезентации се подготвуваат за натпреварот, навивачите веќе го одиграа „првото полувреме“.
Навивачи на Англија и Велс се тепале во Шпанија. Се се случило во Тенерифе каде, како што пренесуваат шпанските и островските медиуми, има околу 2.500 навивачи од Британија.
Тепачката се случила во едно кафуле, на сите страни летале шишиња и столчиња.
England V Wales pre match in Tenerife. 😂 pic.twitter.com/P7vywK9fZz
— Hauve (@Hauvetime) November 25, 2022