Top Sport

Навивачите на Ајакс испиле рекордна количина пиво по освојувањето на титулата

Навивачите на славниот клуб од Амстердам, испиле рекордна количина пиво при 5:0 победата над Херенвен, со која ја освоија својата 36. титула од Ередивизие, во последниот домашен меч на тренерот Ерик Тен Хаг, за кого ова е трета титула во послените четири години.

Според холандските медиуми, на мечот се испиле рекордни 65.000 големи чаши пиво, со што се срушил рекордот од мечот против Борусија  Дортмунд во Лигата на шампионите на 19 октомври, кога го „уништија“ бундеслигашот со 4:0.

На паркингот пред арената во која собира 55.000 фанови, имало поставени четири „танкери“ на „Хајнекен“ со 40.000 литри пиво.

Scroll to Top