Top Sport

Навивачите на Интер го сакаат Диего Симеоне за нов тренер

Симоне Инзаги не е по вкусот на навивачите на Интер. Така барем велат навивачите на „нероаѕурите“ во анкетата што ја спроведе „Калчомеркато“.

Фановите на клубот од „Џузепе Меаца“ гласаа во анкетата на италијанскиот портал за тренерот кој би можел да го наследи Инзаги на клупата.

Диего Симеоне доби најмногу гласови (48%). По него е Маурисио Покетино со 18 отсто од гласовите. Третото место го делат Роберто де Зерби и легендата на клубот Естебан Камбијасо.

Навивачите на „нероаѕурите“ ја испратија пораката. Сега на потег е раководството на Интер.

Scroll to Top