Top Sport

Сон потврди дека ќе игра на Мундијалот

И покрај тоа што беше на операција за стабилизирање на коските во очната шуплина, ѕвездата на Тотенхем, Сон Хеунг-Мин потврди дека ќе биде дел од репрезентацијата на Јужна Кореја на Светското првенство во Катар.

Сон доби фрактура на коските по суддирот со глави на одлучувачкиот меч од Лигата на шампионите против Олимпик Марсеј и постоеше стравување дека најголемата ѕвезда на Јужна Кореја ќе го пропушти првенството.

„Едвај чекам да ја претставувам оваа прекрасна земја. Се гледаме во Катар“, напиша Сон на Инстаграм.

Јужна Кореја е во групата Х во Катар со Уругвај, Португалија и Гана.

Scroll to Top